Почина Игор Југ - Осуденик за 27 април кој бараше слобода
Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Како што утрово пренесе Скопје1, Југ почина на 54 години, од кои осум ги помина зад решетки.
Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а негово последно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“.
07.02.2025 - 08:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа