Полицијата на нозе: За неколку часа исчезнаа три деца од Скопје
Во текот на вчерашниот и денешниот ден исчезнаа три деца на територијата на Скопје.
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Неколку часа подоцна во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село во населба Ченто било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13).
Додека пак ноќеска во 01.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа