Села за Гаши: Лицемер е

 

Алијансата за Албанците, поточно Европскиот фронт, нема да предложи ново име за претседател на Комисијата за социјална политика. Зиадин Села рече дека првиот човек на Собранието треба да свика пленарна седница и повторно да се изгласа Илире Даути за претседател на предметната комисија.

„Господинот Гаши да прекине со играње на улогата на лицемер, не знам дали глуми лицемерие или е лицемерен, бидејќи ако е тогаш…се извинувам што му велам да не биде лицемерен. Бидејќи г. Гаши треба да биде свесен дека дека за прв пат за член на комисија се бара интерпелација и се става на дневен ред за интерпелација, г. Гаши можел да не ја стави на дневен интерпелацијата за одговорност кон Илире Дуати“, порача Зијадин Села.

Села го нарече Гаши лицемер поради тоа што, како што рече, можел да не ја стави  интерпелацијата за Илире Даути, на дневен ред.

21.01.2025 - 19:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега