Се апси во Битола, Велес, Кичево и Скопје: МВР ја потврди полициската акција против организиран криминал во енергетиката
Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.
Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. Меѓу уапсените, според медиумските објави е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа