Шумски референт од Охрид под истрага: Осомничен за фалсификување и несовесно работење
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување исправа“.
Во текот на 2021 година во својство на службено лице како референт по сеча и дотур во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Скопје, ШС Галичица – Охрид, пријавениот ги повредил законските прописи со пропуштање на должен надзор и несовесно постапувајќи во вршењето на своите овластувања.
Тој го фалсификувал извештајот за прием на дрвна маса и го искористил како да е вистинска исправа.
09.12.2024 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа