Со остар предмет и се заканувал на поранешната сопругата, полицијата при апсењето му пронашла и дрога
Ноќеска во 02.50 часот, полициски лужбеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Д.(46) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Демир Капија, дека пред нејзиниот дом ѝ се заканувал со остар предмет.
Предметот бил одземен, а при преглед кај него била пронајдена и одземена растителна материја.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
09.12.2024 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа