Герасимовски: Крводарителска акција денес во општинска Сала на совет, дарувањето крв спасува животи

 


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека денеска во соработка со Црвен Крст ОО Центар ќе се реализира крводарителска акција од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на Совет - барака 6.

„Дарувањето крв претставува највисок чин на хуманост кој може да спасува животи. Секоја доза на дарувана крв е непроценлива за пациентите кои се во животна опасност или на кои им се потребни медицински интервенции. Придобивките од дарувањето крв се огромни, покрај помагањето на оние кои им е најпотребна, исто така придонесувате и за подобрување на вашето здравје. Сите граѓани кои денеска сакаат да даруваат крв можат тоа да го направат во периодот од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на совет - барака 6.  Заедно да изградиме посилно и солидарно општество”, истакнува Герасимовски.

06.12.2024 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега