МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
Одземени биле возила користени во „диви“ трки во Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во Секторот за внатрешни работи - Куманово вчера и завчера пријавено било дека на автопатот Куманово - Скопје се одвиваат „диви“ трки со патнички моторни возила што предизвикуваат голема бучава.
- Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР - Куманово и поради сомнение за сторен прекршок, одземени биле патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.В., 20-годишно лице од прилепското село Долнени и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р., на возраст од 21 година од Тетово, се наведува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа