Ѓорѓиевски: Градоначалникот ќе може да се отповика на Референдум

 

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски вели дека градоначалници ќе може да се отповикуваат на референдум, за да нема нови неуспешни примери. Не е само Град Скопје, туку и во минатото имало негативни примери.

Градоначалниците да можат да се отповикуваат на референдум пред да им заврши четиригодишниот мандат е предлог кој го подготвуваат работни групи, за да се реализираат измени на Законот за локална самоуправа.

„Експертската јавност ќе треба јавно да се вклучи, да се дискутира на таа тема. Отповикувањето, според мене, треба да се врши на начин граѓаните по пат на референдум да можат да отповикаат градоначалник“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е процес во којшто се засегнати градоначалниците, но, како што вели, сите тие едногласно го поддржуваат. Во Скопје има повеќе проблеми кои остануваат нерешени и оттука се отвори ова прашање.

05.12.2024 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега