Со полн чамец риба излегувале од Охридското Езеро - полицијата ги пречека
Вчера во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), сите од охридското село Трпејца.
При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба Охридска белвица и Грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и друг риболовен алат.
Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа