Тројца повредени во тешка сообраќајка пред Собрание

 

Три лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која вчера доцна вечерта се случи на раскрсницата пред Собрание.

Информацијата ја потврди МВР.

„На 04.12.2024 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 ти-Октомври со  бул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ во Скопје се случила  сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ш.Л.(26) од с.Сингелиќ,скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.К.(35) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „митсубиши“ Б.Л.(23) од с.Сингелиќ,скопско констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.“ – се вели во соопштението на МВР.

Додека траеше увидот, улицата пред Собранието беше затворена а сообраќајот се одвиваше по алтернативни сообраќајници. 

05.12.2024 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега