Се возел со 50 кила марихуана (ФОТО)

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера (04.10) во близина на  с.Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од с.Калишта, струшко. При преглед на патничко моторно возило  „ауди" со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е. , биле пронајдени над 50 килограми марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.

05.10.2024 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега