Јакимовски за акцијата во Струмица: Зар смеете ваква акција да направите во западна Македонија?

 
„Слушам добри вести во борбата против даночното затајување и перење на пари.
Добри вести и тоа се знае од каде!
Па од источна Македонија се разбира.
Зар смеете ваква акција да направите во западна Македонија?“, пишува на ФБ, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, по големата акција на МВР и Обвинителството за даночно затајување и измами. 
„Или можеби таму нема перење пари и даночно затајување.
Кај смеете вакво нешто да направите во западна Македонија?
Тоа ќе биде обид за дестабилизација на Македонија, па затоа вие одите да ја стабилизирате Македонија. На истокот де, се разбира.
Силата ќе ја покажувате врз македонците, а ВЛЕН врз вас и така во круг.
ВЛЕН ги штити албанците и нивните интереси. Кого штити вие?“, стои во објавата на градоначалникот кој пак се најде на црната листа на САД, под сомнение дека е вмешан во коруптивни зделки. 

13.09.2024 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега