Клековски: СДСМ се неспособни, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги оствари целите
„Разликата меѓу влада на СДСМ и влада на ВМРО-ДПМНЕ е баш способноста и неспособноста на СДСМ да се спроведат декларираните цели, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не ВМРО-ДПМНЕ има демонстрирано дека може да ги достигне целите што ги има зацртано, енергетиката е една од важните прашања во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, делумно и заради енергетската ситуација во Европа и времето на евтин гас е завршено барањето на нови извори на енергија вклучувајќи ја и зелената транзиција“, кажа Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само Вистина на Канал 5 ТВ и додаде:
„Во нашата енергетска програма РЕК Битола е уште столб во наредниот период меѓутоа тоа е за да добиеме време да ја направиме другата транзиција вклучувајќи ги и ветерните паркови. Овој ветерен парк е еден од трите ветерни паркови кои се наведени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ а има и приватни иницијативи за ветерни паркови“ нагласи Клоковски.
Клековски нагласи и дека денешната инвестиција во ветерниот парк е стабилен извор на енергија и долгорочен проект кој дава енергетска независност и поевтина енергија.
„Ова за Македонија значи стабилен пристап до енергија, второ би значело поевтин извор на енергија во моментот што е битен за економијата, но мораме да работиме на нови проекти за енергетска независност и поевтинување на енергијата заради општата конкурентност и ова се долгорочни проекти. Ова важен дел од сувереноста за наредниот период“ истакна Клековски.
Клековски исто така кажа и дека со ова ниво на корупција нема ниту ЕУ ниту европски развој и затоа неопходна е борбата со корупцијата и справување со криминалот.
„Мораме да работиме на искоренување на криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ уште со техничката влада покажа дека има волја и капацитет да се справува со тоа“ кажа Клековски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа