(ВИДЕО) Инцидент на свадба во Индија: Невестата пукала од пиштол, кога полицијата покренала истрага побегнала
Полицијата во северната индиска држава Утар Прадеш трага по жена која пукала со пиштол на нејзината свадба.
На видеото на социјалните мрежи се гледа како жена испука четири куршуми во воздух додека седи до нејзиниот сопруг. Локалната полиција соопшти дека отворила случај против жената која е во бегство, јавува Би-би-си.
Пукотниците на свадби се вообичаени во некои северни индиски држави и често резултираат со повреди, па дури и со смртни случаи.
Според индискиот закон, секој што користи огнено оружје „на невнимателен или славенички начин“, ставајќи ги другите во ризик, може да се соочи со затворска казна или парична казна или и двете.
#WATCH | Bride fires in air during wedding in UP's Hathras, flees after case filed
(Video credit: Sumit Sharma) pic.twitter.com/fJ6S7WrAko
— TOIWestUP (@TOIWestUP) April 10, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа