Бритни бара помош од фановите: Сака да напише книга
Бритни Спирс размислува да зачекори во книжевниот свет и да ги следи стапките на своите мајка и сестра.
Во вторникот попладне поп-ѕвездата се огласи на „Инстаграм“ и откри дека планира да издаде книга. Таа побара од фановите помош за насловот.
39-годишната поп-ѕвезда сподели фотографија со долг наслов со неколку идеи за можен наслов откако нејзината сестра, Џејми Лин, се соочи со остри реакции затоа што првично на своите мемоари им даде наслов I Must Confess, но подоцна го смени.
Макфакс
13.10.2021 - 17:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа