Ќерката на Ирина Шајк има страв од папараци
35-годишниот супермодел има четиригодишна ќерка Леа со нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер, и откри дека морале да ѝ објаснат дека папараците „само си ја вршат работата“ кога го фотографираат семејство, бидејќи таа е преплашена од нив.
„Леа ги здогледува папараците од километри. Моравме да ѝ објасниме: тие само си ја вршат својата работа. Со продажба на фотографии, тие заработуваат за живот. Не треба да се плашиш“ - објаснила Ирина Шајк за магазинот.
Ирина го држи својот личен живот подалеку од рефлекторите колку што е можно за да ја заштити својата ќерка. А што се однесува до Бредли, кого го нарече практичен татко, сака сам да се грижи за својата ќерка кога се заедно.
„Тој е целосенo посветен татко – нема дадилка. Леа отиде на одмор со него речиси две недели – јас не им се јавив ниту еднаш”, рече таа во интервју за магазинот „Хајстајл“.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа