Меган и Хари паѓаат сѐ пониско, дури ни принцот Чарлс немал толку ниска оценка после разводот од Дајана
Меган Маркл и принцот Хари никогаш не биле пониско на листата на популарност, шест месеци после интервјуто со Опра Винфри, пренесуваат британските медиуми.
Позитивен став кон војвотката од Сасекс има 26% од британското население, а 65% има негативен став кон Меган. Податоците ги објави агенцијата за испитување на јавното мислење, YouGov.
Војводата од Сасекес му се допаѓа на 34% од населението, а негативен став кон него имаат дури 59% Британци.
Оценката на Меган падна за 9 бодови од април, додека на принцот Хари за 25 бодови.
Хари и Меган биле полошо оценети дури и од принцот Чарлс кога во 1996 година се разведе од принцезата Дајана.
Падот продолжил откако во јануари 2020 година парот одлучи да го напушти кралското семејство и Британија.
Прицнот Вилијам му се допаѓа на 78% луѓе во однос на оние 34% на Хари, што војводата од Кембриџ го прави двојно попопуларен од неговиот помлад брат.
Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета и принцот Чарлс бележат пад на популарноста, но и понатаму се сѐ повеќе популарни за разлика од војводата и војвотката од Сасекс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа