Келнерка покажала вулгарна порака која гостин ѝ ја оставил покрај бакшиш од 1.000 долари: „Ја третирал како ѓубре“
Една келнерка на „Reddit“ споделила фотографија со чудна порака која некој гостин ѝ ја оставил покрај бакшишот од 1.000 долари.
Како што објаснила, на купувачот му дала сметка во износ од 129 долари, па се изненадила кога видела дека човекот ѝ оставил поголем бакшиш и од самата сметка.
Сепак, кога подобро ја погледнала сметката имала што да види. На неа биле испишани вулгарни зборови.
„Прекрасни брадавици принцезо, јави ми се“, пишувало на сметката покрај телефонскиот број, а гостинот се потпишал како „господар“.

Следеле бројни коментари на социјалната мрежа „Reddit“:
„Кутра девојка“, напишал некој корисник, а друг додал:
„Би се чувствувала толку непријатно кога би ја добила оваа порака“.
Во меѓувреме други сугерирале дека т.н. бакшиш е само трик и дека било која банка нема да му дозволи да даде бакшиш со својата кредитна картичка, поголем од сумата на сметката.
„Значи, ја третирал келнерката како ѓубре и се извлекол од тоа што требало да биде барем бакшиш од 20 долари“, додал друг корисник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа