Од сумата ќе ви се сврти во глава- Проценето колку вреди дијамантскиот накит кој Георгина го носеше на филмскиот фестивал
Свршеницата на Кристијано Роналдо, еден од најдобрите, но и најбогати фудбалери на денешницата, преубавата Георгиена Родригез, измамува воздишки каде и да се појави, па така било и на Филмскиот фестивал во Венеција каде што била една од ВИП-гостите.
Овој пат таа не пленела само со својата убавина, туку и со дијамантскиот накит што го носела на себе, а кој вкупно вредел околу 100.000 евра. На прстите имала четири прстени од 43.000 евра, носела ланче вредно 24.000 евра како и обетки со приближна вредност.
Англиските медиуми веднаш потенцирале дека на Георгина и е лесно да носи толку скап накит, со оглед што нејзиниот свршеник Роналдо тие пари ќе го заработи само за два дена во дресот на Манчестер Јунајтед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа