ФОТО: Адријана Лима го покажа новото момче на црвениот тепих- размениле неколку бакнежи
Супермоделот и поранешна сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима, присуствувала на 78-от филмски фестивал во Венеција, а таа прилика ја искористила и за да го претстави новото момче.
Имено, официјално е отворено 78-то издание на престижниот фестивал кој го обединува светскиот џет-сет.
40-годишната убавица се појавила на црвениот тепих во сексапилен црвен фустан кој го истакнувал нејзиното деколте, а целиот изглед го заокружила со црвени сандали на висока потпетица. Долгиот фустан до подот и шлицот до бутовите совршено ѝ прилегал на убавата Бразилка, но поголемо внимание од нејзиниот изглед привлекло нејзиното друштво на црвениот тепих.
Адријана се појавила со својот партнер кој се уште не ѝ е познат на јавноста и со него разменила неколку бакнежи среде Венеција, што дефинитивно било вистинско изненадување за сите папараци.
Тие двајца веќе се појавија заедно во мај оваа година, но Лима мудро молчи и не го открива идентитетот на парнтерот. Сепак, многу медиуми пренесуваат дека станува збор за маж по име Андре Лемер, продуцент роден во 1981 година.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа