Неверојатна сцена: Астронаути прават пица, додека тестото и состоките лебдат во воздух
Да се биде астронаут е една од најсложените работни места, и многу од нив наоѓаат начин да се забавуваат илјадници километри подалеку од Земјата, во неистражени простори.
Така, астронаутите од една Меѓународна вселенска станица одлучија да направат пица, додека нивното тесто и состојки лебдат околу нив поради значително ослабената гравитација во вселената.
Видеото, кое импресионираше многумина што го гледаа, на Инстаграм го објави астронаутот Томас Пескет.
- Ноќ на лебдење пица со пријателите. Се чувствуваме речиси како сабота да е на Земјата. Велат дека добар готвач никогаш не ги открива неговите тајни, но јас направив видео за да можете да процените. Имаме се освен ананас, тоа би било сериозен прекршок во Италија - напиша Пескет.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа