Жестоки обвинувања: Принцот Хари е лицемерен бидејќи се вози во скап приватен авион
Принцот Хари се врати во Санта Барбара каде живее со семејството, и тоа со приватен авион од пријател милијардер, само неколку месеци откако одржа предавање за климатските промени. Триесет и шестгодишниот член на кралското семејство се качи во малиот приватен авион вреден 45милиони фунти, откако учествуваше на поло натпревар во Аспен, Колорадо.
Ова се случи само три месеци откако принцот Хари одржа предавање на кое кажа дека климатските промени се „еден од најсериозните проблеми со кои се среќаваме“. Освен тоа, неговиот татко, принцот Чарлс, повлече најсилен потег на таа тема досега и ги повика британските претприемачи да помогнат бидејќи „планетата пропаѓа“.
Хари беше критикуван бидејќи за 11 дена четирипати користел приватни авиони, меѓу кои и за одење на самитот за климатски промени на Сицилија.
– Ова е неверојатно лицемерно, со оглед на неговиот ангажман на полето на климатските промени. Хари очигледно се гледа како некој кој го предводи светот, но, неговото однесување не е важно. Тоа е чисто лицемерие – изјави Том Квин, авторот на биографии кој го следи кралското семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа