Се влошува состојбата на Лане Гутовиќ - префрлен е на интензивна нега
Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ во петокот бил примен во болница поради проблеми со дишењето и лекарите го ставиле на кислород.
Според српски Новости, здравјето на 75-годишниот актер одеднаш се влошило и тој бил префрлен на одделот за интензивна нега.
Му направиле ПЦР тест, кој е негативен.
"Не е добро. Тој беше префрлен на одделот за интензивна нега и неговата состојба е многу сериозна. Разговарав со него во петокот, кога штотуку беше примен на Воено -медицинската академија, и звучеше добро. Дишеше малку потешко, но можевме да разговараме “, изјавил изворот за Новости.
Според изворот, состојбата на актерот, познат по улогата на Среќко Шојиќ во Тесна кожа, драстично се влошила преку ноќ. Гутовиќ бил болен од Ковид-19 пред два месеци, но наводно не се опоравил целосно.
"Имаше полесна форма на корона, но не се опорави целосно. Кашлицата не стивнува, па мораше да ги откаже сите настапи. Имаше настинка два месеци, не сакаше да оди на лекар. Последните години живееше како осаменик, па не зборувал многу за здравствените проблеми “, вели изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа