Македонската пејачка по втор пат има коронавирус во рок од седум месеци

 

Фолк пејачката Сања Гроздановска, Сани е позитивна на Ковид-19. Ова е втор пат во изминатите седум месеци како таа се инфицирала со вирусот, а за Фокус” појаснува дека е со блага клиничка слика, на домашно лекување.

-Да, по втор пат сум позитивна на корона вирус, но не сум хоспитализирана, како што се објави во некои медиуми. Со блага клиничка слика сум, тоа го потврдуваат и наодите. Имам покачена температура, кашлица, примам инфузии. И пред седум месеци, кога бев инфицирана, поминав слично, со истите симптоми – раскажува Сања.

Вели дека на 11-ти овој месец ја примила првата доза од вакцината против Ковид-19, а по два дена и се покачила температурата. На почеток, помислила дека станува збор за реакција од вакцината, но кога започнала да кашла, се посомневала дека се работи за нешто друго.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SANI live (@sani.grozdanovskasanja)

17.08.2021 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега