Холивудска ѕвезда престојува во Белград

 

Актерот Едвард Нортон моментално е во Белград за да го сними филмот Нож во грбот 2. Таму го посетил музејот на Никола Тесла и се фотографирал со Ивона Јевтиќ, директорката на музејот.

„Холивуд во Белград и во музејот Никола Тесла“, напишала Ивона на Инстаграм во описот на фотографијата со актерот и предизвика позитивни реакции кај следбениците, кои и рекоа дека се горди на неа.

Претходно, Ивона објавила и фотографија со актерката Кејт Хадсон, која го посети музејот со својата ќерка Рани Роуз. Во оваа прилика, таа напишала дека и е драго што славните холивудски актери одвоиле време да дојдат во нејзиниот музеј.

Деновиве во Белград пристигнал и Даниел Крег, пишуваат српските медиуми. Со себе ја донел ќерката Ел, која ја добич со поранешната сопруга Фиона Лудон.

Патем, откако актерите ќе ги завршат сите планирани сцени во соседна Србија, филмот продолжува да се снима во Канада и САД.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@ivonajevtic)

09.08.2021 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега