Ирски гимнастичар го испроба "анти-секс" креветот во Токио- Олимпискиот комитет му се заблагодари
Ирскиот гимнастичар, Рис Мекленахан ја демантираше приказната дека креветите со картонски рамки наменети за спортистите во олимпиското село во Токио не се доволни цврсти за да издржат "силни активности" и дека се направени за да се избегнат сексуални односи помеѓу учесниците.
Тој на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како скока на креветот во својата соба откако производителите Airweave објави дека креветите можат да издржат околу 200 килограми.
Некои медиуми пишуваа дека креветите биле изработени од картони за да "пукнат" од поголема тежина, така што на тој начин ќе се промовира социјалната дистанца за време на пандемијата.
Американскиот атлетичар Пол Келимо напишал на Твитер дека одлуката креветите да бидат картонски е донесена со цел да се избегнат интимни односи помеѓу спортистите.
Сепак, со снимката која ја објави Мекленахан дефинитивно потврди дека креветите се безбедни, па од Меѓународниот олимписки комитет му се заблагодариле за овој потег.
Олимписките игри започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа