Нема поубав украс за градината од ангелскиот цвет - успева и во градина и во саксии
Иако изгледа деликатно, нежно, ситно, билката ангелонија е доста издржлива и за неа е поприлично лесно да се грижите. По потекло е од подрачје од Мексико до Аргентина. Карактеристично за неа се многуте цветови, цвета цело лето, а на топлите краиште цветањето продолжува и на есен.
Билката расте и до 45 сантиметри во висина, а некои луѓе нејзиниот мирис ги потсетува на мирис на јаболка. Како и да е, мирисот привлекува и пчели и пеперутки.
Цветовите цветаат исправено, а може да бидат во различни бои, од сини, виолетови, до бели и светло розеви, па и двобојни. Ендаш кога ќе процвета, ангелонијата е навистина впечатлива.
На ова цвеќе му одговара директно изложување на сонце или во лесна сенка. Преферират влажно тло, но може да издржат и кратка суша.
Грижата а ова цвеќе нема да ви одземе многу време, а ќе биде совршен додаток во летната градина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа