ФОТО: Средба меѓу Мел Гибсон и Трамп ја разбрани јавноста

 

Минатиот викенд Мел Гибсон и Доналд Трамп беа на исто место. Холивудскиот актер и поранешен претседател на САД беа на УФЦ-настанот во арената Т-Мобиле во Лас Вегас, на мечот помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поарие, но тоа не би била голема вест ако Гибсон не беше снимен како му салутира на Трамп.

Снимката, секако, стана вирална, а актерот се најде на удар на критичарите.

Дали Трамп воопшто го видел Мел во толпата останува нејасно.

Социјалните мрежи беа „вжештени“ од коментарите дека и двајцата мажи имаат долга историја на расистички, хомофобични, сексистички и антисемитски изјави зад себе.

„Мртвата кариера нека му почива во пеколот“, му порачале лути твитерџии на актерот.

14.07.2021 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега