Важи за најубавата жена на светот, а сите момци ја изневерувале и оставале: Конечно пронајде среќа покрај 7 години помлад маж

 

Иако можеби мислите дека не постои маж што би ја изневерил и оставил Никол Шерцингер, вистината е поинаква. Таа важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на светот, но никогаш немала среќа во љубовта. Како што и самата признала, нејзиното срце многупати било скршено, а се чини дека по долгата потрага конечно успеала да го пронајде вистинскиот.

Лесно е да се помисли дека на убавите и згодни жени се’ им оди од рака. Но вистината е дека и тие, како и сите други, знаат како е да се има скршено срце.

Славната пејачка и некогашна членка на The Pussycat Dolls денес конечно покрај себе има вистински маж кој ја сака како што заслужува. Никол и поранешниот рагбист Том Еванс (36) моментално одмораат во Италија, каде што таа го прослави својот 43-ти роденден.

Том сподели фотографии и видеа со Никол, и’ честиташе роденден со романтична посвета.

„Се надевам дека твојот роденден беше убав и полн со љубов, каква што си ти. Многу те сакам“, напишал поранешниот спортист.

Вистина е дека Шерцингер немала среќа во љубовта пред Том. Една посериозна врска имала со бугарскиот тенисер Григор Димитров (30). Тие започнале врска кон крајот на 2015 година, а потврдија дека се заедно кон крајот на јануари 2016 година, иако не сакаа да откриваат детали.

Раскинувањето се случи во 2019 година, а наводно пејачката ја прекинала врската, бидејќи тенисерот не сакал посериозна врска со неа.

„Те сакав и во твоите најмрачни моменти“, напиша Никол своевремено на својот инстаграм-профил.

Подоцна се шушкаше дека Бугарот имал и проблеми со верноста, па ја изневерувал на секој чекор.

Истото се зборуваше и за нејзиното второ момче, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон со кого беше 7 години во врска. Меѓутоа, Хамилтон своевремено нагласи дека причината за раскинувањето е тоа што не можел често да се гледа со Никол поради обврски.

Од друга страна, странските медиуми пишуваа дека вистинската причина за раскинувањето е неговата љубов кон автомобилите.

„Моите автомобили се мои бебиња. Некогаш зборував дека ќе имам девојка која ќе мора да се навикне да ми биде втора по важност, по моите автомобили“, изненадил Хамилтон со изјавата.

За среќа, Никол денес најде среќа покрај личност на која и’ е број еден во секој поглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger)

08.07.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега