ФОТО: Кој би рекол дека е на прагот на 5-та деценија - манекенката позираше топлес на плажа
Манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц уживаат на тропски одмор од минатата недела, а како и секогаш Хајди ги изненадува своите фанови со разголените фотографии.
48-годишната Клум никогаш не го криела своето тело, а дека е горда на својот изглед покажува со секоја нова објава.
На последните фотографии на Инстаграм, таа позира топлес и на себе има само црна танга, што на нејзиниот сопруг очигледно не му сметало.
Хајди и Том се венчаа во 2019 година, 2 месеци по веридбата и по 2 години врска. Иако ретко кој им предвидуваше среќа во љубовта, славниот пар секој ден докажува дека се сака повеќе од некогаш.
Инаку, Клум зад себе има 2 пропаднати брака и низа неуспешни врски. Таа со стилистот Рик Пипинo беше во брак од 1997 до 2002 година, а потоа во 2003 година започна врска со Флавио Бријаторе. Парот истата година објави дека чека дете, но набрзо раскинаа, а Хајди ја родила Лена кога го запознала пејачот Сил со кој има уште 3 деца. Хајди и Сил се разведоа во 2014 година, по 10 години брак.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа