Жешките Србинки ја запалија сцената на Евровизија - горат и социјалните мрежи
На најголемиот музички спектакл во Европа му се приближува крајот - вечерва е финалето на Евровизија.
За титулата за најдобра песна на Евровизија се борат претставници од 26 земји, меѓу кои се претставничките од Србија, членови на групата 'Hurricane', Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ.
Спектакуларното финале за песна на Евровизија го отвори претсавничката на Кипар, Елена Кагрину, а цел регион го чекаше настапот на Србија под реден број осум.
Како никогаш порано, социјалните мрежи 'горат' поради Евросонг. Босна веќе неколку години не учествува, но сега пристигнала поддршка за Србија.
После две години чекање, обожавателите на Евровизија од цел свет своите впечатоци без двоумење ги споделуваат од првиот ден на натпреварот кога се претставија 16 земји. Меѓутоа, 'грозницата' почна да го зафаќа и Балканот најмногу поради тоа во продолжение на натпреварувањето нема да биде нашиот претставник, Васил Гарванлиев, а и Словенија и Хрватска не се пласираа во финале.
На социјалните мрежи се појавија и духовити коментари.
Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ дадоа сè од себе, а сега нѝ преостанува да го почекаме гласањето и да навиваме за нашите соседи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа