Мајката на Чак Норис наполни 100 години
Мајката на легендарниот актер Чак Норис го прослави 100-от роденден. Тој објави фотографија каде позира со својата мајка Вилма.
-Мојата мајка, Вилма Норис Најт, полни 100 години. Те сакам мамо! Среќен 100-ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бог да ми даде се што можам и треба да бидам“, напиша Норис.
Тој пред нешто повеќе од два месеци наполни 81 година, а има пет деца и 13 внуци.
21.05.2021 - 23:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа