ВИДЕО: Лемурите од скопската ЗОО погодуваат кој ќе победи на Евровизија
По примерот на октоподот Пол кој на Светското првенство во 2006 година во Германија ги погодуваше победниците на сите натпревари на домаќинот, така и лемурите од скопската Зоолошка градина се обидуваат да погодат кој ќе победи на овогодинешната Евровизија.
Како што соопштуваат од ЗОО, ова доаѓа откако оваа година Евровизија го крена гласот за планетата Земја и животните.
-Токму поради тоа што фестивалот годинава се вклучи во кампањата за заштита на животната средина и животните, нашите лемури решија да пробаат да предвидат кој ќе биде победник на Евровизија 2021. Дел од нив се одлучија за Франција, дел за Италија, а најголемиот дел за Малта, велат од ЗОО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа