ВИДЕО: Го „среди“ Ферарито само еден ден откако го купил
Возач од Холандија по само еден ден откако го купил новото „ферари 388 писта“ излета од патот.
По сѐ изгледа автомобилот со 720 коњски сили бил преголем залак за него.
Видео од несреќата е објавено на платформата Јутјуб, а како што пишуваат локалните медиуми, автомобилот бил стар само еден ден.
Инаку, ова возило за само 2,85 секунди достигнува брзина од 100 километри на час, а за да достигне 200 потребни му се само 7,6 секунди. Цената на „ферарито“ е околу 300.000 евра.
19.05.2021 - 19:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа