Сапунот може да собере вируси - српски доктор опомена како треба да се чува
Д-р Горан Белојевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Србија објасни како правилно да се чува сапунот, а многумина тоа не го прават.
Во врска со тоа дали е потребно да се дезинфицираат рацете со алкохол и после нивно миење тој кажа:
„Не е неопходно веднаш после миење раце да се употреби алкохол, тој е добат за итни ситуации, кога ќе ставите малку алкохол и ќе го втриете во рацете. Доколку немате гел од продавница, доволен ќе биде и алкохолот. Во домашни услови најважно е миењето раце, тоа е една најмоќна и најважна работа. Секогаш е подобро добро да се измијат рацете отколку да се мачка алкохол на валкани раце. Најдобра е комбинацијата миење раце и дезинфекција со алкохол, тоа е најсигурна опција“, рекол докторот.
Тој предупредил и на нешто што малкумина го знаат, а тоа е како правилно се чува сапунот:
„Прво и основно е миењето раце, слушнав некои препораки дека е подобар овој или оној сапун, но тоа нема врска. Секој сапун е добар ако добро се чува, било течен или цврст сапун. Препораката е цврстиот сапун да се чува на метална решетка за да биде сув постојано, никако не смее да биде влажен и во некаков сад затоа што може да се развиваат вируси. Миењето раце треба да трае 20 секунди“, кажал докторот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа