Најплодната жена на светот има 37 години, а 38 деца и страшна приказна зад себе: „На 12 години ми дадоа јадење со мелено стакло“

 

Во село во Уганда живее жена по име Кабимбри со надимак Налонго Музаала Бана. Вистинското име ѝ е Мариам Набатанзи, а Налонго Музаала Бана е надимак ја нарекле мештаните затоа што е неверојатно плодна.

Мариам, имено има 37 години и 38 деца. Сите освен последното ги родила дома. Има 6 пара близнаци, четири тројки, три четворки. Има 10 девојчиња и 28 момчиња. Нејзиниот најстар син има 23 години, додека најмладиот има 4 месеци.

Мариам се омажила на 12 години и тоа непосредно откако за малку избегнала смрт. Нејзината мќеа била лоша кон неа и нејзините браќа и сестри и во една прилика им измешала мелено стакло во храната со намера да ги убие. Од сите деца, само Мариам преживеала, додека останатите починале на лице место.

Се омажила во 1993 година за човек кој имал 40 години.

-Не знаев дека се мажам. Луѓето одеднаш почнаа да доаѓаат кај нас и да носат подароци. Кога почнаа да излегуваат, мислев дека ги испраќам од дома. Всушност тогаш тетка ми ме предаде на човекот - раскажала за медиумите Мариам.

Нормално, многу тешко се снашла во улогата на сопруга.

-Мојот сопруг имал повеќе жени и многу деца од претходните бракови. Јас морав да водам сметка за сите тие деца, затоа што мајките не им беа таму. Беше насилен и често ме тепаше - се присетила таа.

Свекорот им дал парче земја и така изградиле куќа, а планирале и смеејство. Планирале да имаат 6 деца.

Така во 1994 година, кога имала 13 години родила близнаци. Две години подоцна, родила тројка, а нешто после една година четворка. Не се чудела, затоа што таква била ситуацијата и кај неа дома.

-Мојот татко имаше 45 деца со различни жени и многу од нив беа близнаци, тројки или четворки - рекла таа.

И навистина, гинекологот Чарлс Кигунду вели дека Мариам има генетска предиспозиција за хиперовулација, што значи дека може да произведе повеќе јајце клетки во еден циклус.

После шестото породување Мариам имала 18 деца и сакала да престане, па отишла на гинеколог. Таму ѝ било кажано дека не може да престане да раѓа затоа што тоа би ја убило.

-Сите тие неоплодени јајце клетки кои само се произведуваат претставуваат закана не само за репроудктивниот систем, туку и за животот на жената - тврди докторот Ахмед Кикомеко.

-Ме советуваа да продолжам да се пораѓам, затоа што во спротивно ќе умрам. Пробав да користам интраутерино средство за контрацепција, но од тоа ми беше постојано лошо и повраќав. Дури и поради тоа паднав во кома еден месец - рекла Мариам која до 23 години имала 25 деца.

Повторно се обидела во болница да најде начин да престане со бременостите. Повторно го слушнала истото.

-Само последниот син го родив во болница, со царски рез. Морав така затоа што бев премногу слаба од обидите да користам контрацепција. Го замолив докторот да направи нешто затоа што не можам да раѓам повеќе и ми рече дека ја „расекол матката од внатре“.

Докторот Кигунди вели дека Мариам веројатно ѝ биле блокирани и јајцеводите.

Инаку, Мариам во овие 25 години брак проживеала низа понижувања и мачења.

-Често е пијан, постојано ме тепа. Не води сметка за децата и немаме пари ни за најосновното. Децата едвај знаат и како им изгледа таткото, никогаш не е тука. Тој само се јавува на телефон и кажува имиња за следните деца - вели оваа жена, а нејзиниот најстар син, 23-годишниот Чарлс Мусиси потврдува дека пораснал само со мајка.

-Можам да ви потврдам дека моите најмали браќа и сестри не знаат како ни изгледа таткото. Јас последен пат ги видов кога имав 13 години, и тоа само една ноќ - вели момчето.

Мариам вели дека така живеат долго. Мажот се појавува ненајавено после месеци отсуство, влегува дома навечер и заминува рано наутро.

-Ги трпам тие понижувања затоа што тетка ми ми кажа дека морам да останам во брак што и да се случува и само да ги гледам децата. Ми рече дека не смеам да имам деца со други мажи, ниту да се премажам - објаснува оваа жена која едвај скрпува крај со крај. Нема ниту голема градина, ниту земја каде би одгледувала овошје и зеленчук или да чува стока. Затоа исхраната за децата ѝ е голем трошок.

-Се купувам од својот џеб. Секој ден ми требаат 10 килограми брашно, 4 килограми шеќер и три сапуни. Бог е добар и голем затоа што навистина никогаш не се случило моите деца да немаат барем еден оброк - вели таа, а парите ги заработува со продажба на лековити треви и мешавини по кои е позната. Покрај тоа, повремено работи како фризерка, декоратерка на слави и ги средува невестите.

-Не бегам од работа. Не се сожалувам себеси затоа што знам дека моите деца се Божји дар и ќе дадам се од себе да ги изведам на прав пат - заклучила таа.

-Нема лесен брак. Жените треба да бидат трпеливи и да знаат дека времето лекува се. Никогаш не смеете да заборавите на своите обврски и одговорности, моите се да се грижам за моите деца и тоа го правам со радост - рекла Мариам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега