ФОТО: Славната холивудска актерка бремена во петтата деценија
Камерон Дијаз на 46 години ужива во најсреќниот период од својот живот. Убавата актерка неодамна излезе на вечера со својот сопруг Бенџи Маден, а сведоци тврдат дека изгледала покрупно и многу среќно.
По многу години залудни обиди, Дијаз и сопругот дознаа дека наскоро ќе имаат дете. За време на интимната вечера, актерката на пријателите им објаснила дека сака да ги задржи деталите за себе, но потврдила дека таа и Бенџи ќе станат родители.
Актерката и нејзиниот сопруг од 2015 година се обидуваат да добијат бебе, но безуспешно. Близок пријател на двојката, вели дека тие веќе почнале со опремувањето на куќата за новиот член од семејството и дека размислуваат кое име ќе му го дадат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа