ФОТО: Внуката на принцезата Дајана на одмор со 32. години постарото момче - ги посетуваат најскапите места
Британската принцеза и внука од брат на принцезата Дајана во моментов ужива со момчето на годишен одмор, а фотографии од уживањето споделува на Инстаграм.
Како зашптитно лице на луксузните брендовио Булгари и Долче и Габана, лејди Кити Спенсер е постојано на егзотични дестинации. Роднината на покојната принцеза Дајана во моментов одмора во друштво на новото момче, 32-години постариот милионер Мајкл Луис.
После посетата на езерото Комо, Кити и Мајкл од Италија се упатиле кон Хемптонс и оттаму не престануваат да споделуваат фотографии.
После кралската свадба на Хари и Меган, каде беше вистинска сензација, Кити пред два месеци во медиумите беше топ тема поради нејзината врска со 32 години постарото момче кое го чува во строга тајност.
Лејди Кити е најстарото дете на грофот Чарлс Спенсер, братото на принцезата Дајана и една од најубавите припаднички на англиското кралско семејство, па нејзината врска со 60-годишниот тајкун изненади многумина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа