Денеска е Света Недела - обичаи кои треба да ги испочитувате за да ве следи среќа во животот

 

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули.

Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.

Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега