Денеска се слави голем заштитник на децата - обичаи кои треба да се направат за нивно здравје
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули.
Денеска е Преподобен Сисој Велики.
Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител, која по него го доби името Антониева и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови за помош и наидување на другите. Преживеа долго време и се претстави пред Христа Бога во 429 година.
Во регионот овој светец е исклучително почитуван и ценет кај мајките и жените, бидејќи важи за заштитник на децата и брз помошник во секоја неволја и тага.
Поради тоа, повеќето обичаи кои денеска се почитуваат се врзани со децата. Многу мајки практикуваат да постат 7 дена пред овој празник за да се причестат. Се верува дека така нивните деца ќе бидат здрави и дека во животот ќе ги следа среќа.
Ако на денешен ден врне дожд, задолжително треба да ги пуштите децата да се истрчаат надвор и добро да покиснат. Во некои краишта се верува дека водата која Свети Сисо од небото ја испраќа ја испраќа за нив и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Постарите велат дека овој светец е најдобар прогонувач на сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата. Поради тоа се верува дека денеска децата можат да останат наедвор и навечер, бидејќи сите демони ќе бегаат од нив.
Народот вели дека се шо ќе се роди на денешен ден ќе биде среќно и долговечно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа