Оксана се разведе од 23. години постариот султан - се венчаа минатата година, а сега објавија и нова вест
Она што се најавуваше од јануари оваа година, стана вистина. Поранешниот малезиски крал Мухамед Петти од Келантан, кој се откажа од престолот, се разведе од поранешната мисица од Москва, Оксана Војеводине.
За разводот на парот кој се венчаше во 2018 година во Москва (пред тоа врската ја официјализираа на тајна церемонија на 7. јуни, а потоа во ноември следуваше второто венчавање после кое јавноста дозна за нивната врска), на почетокот на оваа пишувапше и рускиот весник „Стархит“, наведувајќи дека 50-годишниот Мухамет Петти 23 години помладата Рихана Оксана Петра, некогашна ѕвезда на реално шоу, постојано се расправаат.
Таткото на Оксана ги негирал овие информации, истакнувајќи дека тој не користи интернет, но и дека доколку е вистина тој прв би дознал.
И додека таквите информации кружат на интернет, султанот и Оксана пред само неколку недели добија син кој Оксана го нарекла идниот крал на Калентан, провинција во Малезија во која владеел Мухамед.
Сепак, тоа не било причина родителите да го зачуваат бракот. Поранешните сопружници развод потпишале на 22 јуни, а официјално се развеле на 1. јули пишува „New Straits Times".
Бракот бил завршен во Сингапур по правила на исламот, се развеле „три пати“, а судејќи според тврдењата за разводот, причина била големата разлика во години, која инаку е најчеста причина за развод во муслиманските бракови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа