ФОТО: Објавија веридба, па тој ѕверски ја претепа - српската пејачка првпат видена во јавност по инцидентот
Санела Вујиновиќ, пејачка и некогашна учесничка на „Фарма“, пријавила во полиција дека била злоставувана од момчето, хармоникашот Милош Стојковиќ Стојке, кој, како што стои во официјалните документи, добил забрана за приоѓање.
Ова е инаку втор пат судот да му ја изрече истата забрана. Како што вели пејачката, тие две години биле во врска од кои една ипол година таа цело време била жртва на насилство. Само последните два пати го пријавила во полиција.
Повеќе од еден месец подоцна, нејзе во јавноста ја уловиле папараците. Затоа што поминало долго време други повреди освен таа на вратот не биле видливи.
„Првото насилство се случи веднаш после веридбата. Планиравме да одиме кај мои пријатели на базен. Тој не се јави, па отидов сама и реков дека ќе го чекам таму. Дојде во околу 11 часот и тогаш ми ја удри првата шлаканица така што ми се затресе целата глава.. Ми кажа дека сум ку*ва што се капам во бикини. Потоа почна да ме удира по глава. Ме влечеше за коса кон автомобилот кој беше паркиран во соседната улица. Потоа среде улица ми нареди да излезам надвор по бикини. Ме удираше со боксови и ме навредуваше“, рекла таа за првотот насилство кое го доживеала од него.
Овој случај таа не го пријавила во полиција. Сепак на почетокот на оваа година се случил уште еден напад.
„Бевме на вечера со пријатели кога ми пристигна порака од поранешното момче. Агонијата почна кога седнавме во автомобил. Почна да ме навредува и да ме удира по глава, се бранев до таа мера што со нога ја искршив шофершајбната, се обидов дури и да излезам од автомобил во движење. Тогаш претепана ме однесе кај мајка ми “, раскажала Сања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа