Некогаш имала 100 килограми, а сега се преполовила - од исхраната исфрлила една намирница

 

Оваа 31-годишна жена одлучила да ослабе, а наместо гладување, таа се водела по само едно правило...

Дона Доерти со години имала проблем со дебелината, а во еден момент нејзината тежина достигнала 100 килограми. Како што вели, за тоа најголеми виновници биле брзата храна и газираните сокови преполни со шеќер.

„Во своите дваесетти години практично живеев од брза храна и слатки и немав поим како тоа влијае на моето здравје“, раскажала Дона.

 

 

Свесна за својот проблем, таа испробувала многу диети кои не го давале посакуваниот резултат, бидејќи постојано била опкружена со брза храна.

Сепак, бројката од 100 килограми ја шокирала и во 2013 година Дона одлучила конечно да се избори со својата болест и да направи нешто по тој повод.

 

 

Првиот чекор се однесувал на исфрлање на целата нездрава храна од домот. „Знаев дека ми е потребна голема промена и дека не можам повеќе да чекам. Затоа ги исфрлив сите нездрави намирници од мојот живот и почнав да тренирам. Кога на мојот татко му беше дијагностициран дијабетес, многу добро се запознав со сите опасности од шеќерот и тоа дополнително ја олесни мојата одлука да го исфрлам од животот“, додала таа.

 

 

Набрзо, Дона почнала пет дена неделно да вежба во теретана, а во тоа и помогнал и личен тренер.

„Имав сериозни кардио вежби и вежби со тегови. За една година изгубив речиси 40 килограми. Не можев да верувам колку добро изгледам и се чувствувам“, истакнала Дона.

 

 

Покрај физичката активност, таа ги заменила своите омилени слатки со здрави алтернативи. За појадок претежно јаде каша, ручекот е резервиран за јајца, а за вечера се подготвува здрав оброк. Шеќерот целосно го исфрлила од исхраната.

 

 

„Сакам да им порачам на сите кои планираат да направат голема промена во својот живот, дека не станува збор за лесна одлука, но дека мораат да бидат мотивирани, бидејќи се` зависи од нив. Наградата е неверојатна. Се чувствувам многу подобро и го обожувам мојот нов изглед“, заклучила Дона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега