ФОТО: Салвета од „Курсаџии“ роди дете на 52 години - денес нејзината ќерка има 5 години и изгледа вака

 

Актерката Лилјана Јакшиќ на 52. години на свет ја донесе Дарија, која е сега центар на нејзиниот свет. Самохраната мајка со години била мета на злонамерни коментари. Денес, Дарија има 5 години, а Лилјана со љубов зборува за битката низ која поминала за да стане мајка.

Четири пати минала низ процесот за вонтелесно оплодување. Почнала на 46. години и како што вели, откако ја изгубила цела надеж, петтиот третман се испоставил како пресуден.

Ljiljana Jakšić

-Физички ништо не ми беше тешко, ни секојдневните инјекции. Работев цело време. Умеев пред настапот на Скадарлија да скокнам по доза инјекции, па да одам да работам. Помина цел циклус и кога немаше да биде успешен...После требаше да се стане да се живее со тоа и да се одлучи на уште еден обид. Напред те тера огромната желба, љубовта. Одиме напред додека лекарот вели дека може. Затоа и се одлучив - рекла актерката.

Malena Darija danas ima pet godina

Таа додала дека мајчинството во стари години ја подмладило.

-Тоа значи дека кога нешто така прекрасно ќе ви дојде во раце дека душата ви пее, цел организам ви пее. Тоа ја подмладува жената - истакнува Лилјана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега