ФОТО: Српскиот пејач ја претепа вереницата, а сега е пуштен од притвор - веднаш се огласи на Инстаграм

 

Слободан Васиќ кој на 1. мај ја претепал својата вереница, а полицијата му ставила лисици на рацете и го одвела во притвор, пуштен е да се брани од слобода.

Пејачот кој и претходно имал проблеми со насилно однесување кон своите партнерки, штом излегол од притвор, објавил фотографија на својот Инстаграм профил, на која не изгледа загрижено што има проблеми со законот и што веќе му е одредена мерка забрана за приближување, туку насмеан седнал зад воланот, а никому на друштвените мрежи не му е јасно што му е смешно на пејачот.

Васиќ објаснил што може да се извлече позитивно од целата ситуација.„Она кога мислите дека се се распаѓа, можеби токму тогаш се се мести на свое место“, стои во објавата на Инстаграм.

Да потсетиме, инцидентот во кој Слоба ја удрил својата девојка се случил во еден локал во Нови Сад каде Васиќ и неговата девојка биле со пријателите на прослава на 1. мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега