Весна Змијанац си ја отвори душата: Никогаш не ја преболев смртта на моите синови
Весна Змијанац, популарната пејачка ја има ќерка си Николија која е успешна пејачка, но си ја отвори дупата и за српските медиуми раскажа дека никогаш не ја преболела смртта на двата сина.
„Нашето прво дете, нашиот син, мојот бивш сопруг Влада Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Спонтаниот абортус се случи на пауза од концертот во Младеновац. Породувањето започна одеднаш и предвреме, а всушност се случуваше во гардеробата зад сцената и тоа траеше и за време на патот кон Белград, а и неколку минути во болница, и тоа не можам да го опишам и денес. Бидејќи ова е една од оние болки, кои се уште боли, празнина која се’ уште зјае и секогаш кога мислам на неа, а се сеќавам многу често, чувствувам грч во мојата утроба“, вели пејачката, за српски Телеграф.
Додава дека и втор пат ја снашла иста судбина.
- „Во првите неколку недели болката од загубата беше уште свежа, сакав да ме снема, да си заминам. Се обвинував себе си, без да барам никакви олеснителни околности. И при тоа себе си си смислував такви страдања и маки како казна, што излегуваа дури и надвор од границите што ја делат свесната перцепција на фактите од имагирната, исполнета со болни и грешни заклучоци. Не помислував дека, за жал, ме чека истото, па дури и уште полошо. Моето второ несудено дете, исто така син, го загубив исто така во седмиот месец од бременоста под исти околности во 1987 година“, додава таа.
Потоа ја добила ќерка си Николија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа