ФОТО: Секојдневно ја користиме а ретко кој видел - 100 денарката има чуден детаљ

 

Австро-унгарскиот генерал Пиколомини го изгорел Скопје до темел, но ја зачувал неговата убавина на гравура во негатив. Она што побуди внимание кај архитектот  Иван Стојковски од скопско Маџир Маало е токму таа гравура на Скопје од 17 век, што се наоѓа на задната страна на стодинарката, каде Вардар тече нагоре.

Тој за весникот ВЕЧЕР тврди дека е оригиналната што ја изработил Јакобус Харивејн – Антверпен, но е поставена во негатив.

-Сметам дека грешката е направена сосема случајно при лиењето на гравурата што може да се случи и денеска и покрај развиената технологија. Најверојатно тогаш таа грешка не била многу битна. Можеби е направена грешка при пресликувањето или при копирањето. Затоа можеби до денеска таа грешка не е забележана, а сликата се експлоатира автоматски со погрешна визура, како што впрочем е и на банкнотата од сто денари, вели Стојковски за весникот ВЕЧЕР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега