Воспитувачките од градинка натерале 5 годишно девојче да се пресоблече зашто било неприкладно облечено (ФОТО)

 

Петгодишно девојче Хармони, во градинка ја натерале да се пресоблече, бидејќи била неприкладно обечена.

Целата случка на интернет ја објавила нејзината мајка.

Имено девојчето од АМинесота од својата баба добила фустанче на прерамки, па со оглед на тоа дека април знае да биде прилично топол, мајка и дозволила да го носи фустанчето во градинка.

Сепак се изненадила кога девојчето се вратило од градинка облечено во панталони и маичка со кратки ракави.,

„Не можев да разберам како возрасна чичност може да го види моето петгодишно дете во фустанче и да заклучи дека е неприкладно.И рекле дека мора да го покрие своето тело, како јас како мајка да ја научам да го сака и прифаќа нејзиното тело кога луѓето и велат дека е тоа приватно.Што е тоа приватно во рамења на петгодишно дете?“ запрашала мајката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега