Вашиот стан ќе биде како од списание - овие бои во 2019. мора да ги имате во домот

 

Трендовите за 2019 година кога станува збор за ентериоерот веќе се установени, а професионалците се одлучиле за најнежни пастелни нијанси се до темни нијанси со кои можете да го оплемените просторот.

Зелената боја во последно време е многу популарна, но нијансата која воодушевува во 2019 година е темнозелената. Оваа нијанса била многу популарна во дамнешните 90-ти години. Дококу се комбинира со светлосива боја, просторот ќе го направи софистициран.

Пастелните бои се повторно во тренд. Од виолетова, сина, па се до најнежните нијанси од овие пастелни бои. Осмелете се и купете кујна во пудерасто розева боја, бојадисајте ги ѕидовите или барем купете детали во оваа боја.

Темносивата оваа сезона исто така ќе биде во тренд и тоа не светла нијанса, туку онаа потемната. Многумина оваа боја ја сметаат за неутрална, а совршено се комбинира со виолетова, сина и зелена.

Бледожолтата боја го прави просторот поудобен. Изгледа неверојатно со темни тонови на дрво боја.

Лаванда бојата секој дом го прави свеж и просторот одеднаш станува поудобен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега